Акционерите на Tesla ќе гласаат за исплата на бонус на Маск и преселба во Тексас

15

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ ќе побара од инвеститорите повторно да одобрат исплата на бонус од 56 милијарди долари на извршниот директор Илон Маск, откако пред неколку месеци судот во сојузната држава Делавер ја укина одлуката за негово плаќање.

Како што пренесува Блумберг, акционерите ќе гласаат и за преместување, односно пререгистрација на компанијата „Тесла“ од Делавер во Тексас.

Годишното собрание на акционерите на „Тесла“ ќе се одржи на 13 јуни.