Акционерите на Tesla очекуваат најслаб квартален извештај во последните седум години

12

Акционерите на Tesla се подготвуваат за своите најслаби квартални резултати во последните седум години оваа недела, бидејќи компанијата се бори со забавување на побарувачката и брутална војна со цените.

Инвеститорите, исто така, сакаат да знаат дали компанијата на Илон Маск е во средина на голема промена во насоката, по извештаите дека ги забавува плановите за поевтин електричен автомобил од 25.000 долари – познат неформално како Модел 2 – во корист на фокусирање на автономни „роботакси“, пренесува Фајненшл Тајмс.

Маск негираше дека имало промена на планот за Model 2, но исто така рече дека фокусот на автономијата е „следниот логичен чекор“. Тој минатата недела најави дека Tesla роботакси ќе биде лансирана на 8 август. Инвеститорите се незадоволни поради постојаното опаѓање на цената на акциите, разочарувачките продажби и планот за преселување на седиштето на компанијата од Делавер во Тексас.

Тие се соочуваат и со дилемата дали Tesla ќе стане производител од големи размери или помал снабдувач на автономна технологија. Аналитичарите оценуваат дека одговорот на прашањето дали е добар потег зависи пресудно од тоа што носи преминот кон автономно возење.