Аквизиција од 2,3 милијарди долари: Walmart купи  познат производител на телевизори

23

Волмарт се согласи да го купи производителот на телевизори Vizio, објавија вчера двете компании. Трговскиот гигант се обврза да плати 11,50 долари по акција  т.е. вкупно 2,3 милијарди долари.

Акциите на Vizio на берзата нагло скокнаа на 9,53 долари, т.е. 15 проценти пренесе Сеебиз.

Walmart и неговата подружница Sam’s Club долго време се главните продавачи на уредите Vizio во САД, а Walmart го истакна и го пофали потенцијалот за раст на сопствениот рекламен бизнис поради оперативниот систем SmartCast на Vizio, кој на корисниците им нуди бесплатна стриминг содржина со реклами.