Фото: Facebook
Катарската медиумска мрежа Al Jazeera договори партнерство со американската медиумска агенција Bloomberg media distribution, со цел да ја прошири својата понуда на глобални економски вести, пишува Reuters.
Уредниците на Al Jazeera ќе може да избираат од финансиските и економски вести од Bloomberg News и да ги објават на дигиталните станици на Al Jazeera на англиски јазик. Од друга страна, содржините на Bloomberg ќе бидат дополнети од понудата на деловни теми на Al Jazeera.
The Associated Press и Bloomberg во октомври најави продажно партнерство во Европа, на Блискиот Исток, во Африка и Азија за да ја прошири својата база на медиумски клиенти.