Албанија добива трет меѓународен аеродром

32

Меѓународниот аеродром во албанскиот приморски град Валонa се очекува да започне со работа во март 2025 година, изјави во своето обраќање министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.

Тоа ќе биде и трет меѓународен аеродром во Албанија, по оние во Тирана и Кукеш, на границата со Косово.

Албанската влада очекува аеродромот да опслужи еден милион туристи меѓу март и декември 2025 година, што е повеќе од тројно од 300.000 патници предвидени во Договорот за градба, изјави Балуку претходно оваа недела, пренесува Investitor.me.