Фото: Pixabay
Течење на нос, кивање, солзење на очите, јадеж на кожата се само неколку од непријатните појави кои се јавуваат како последица на алергијата на полен, а пролетта е време кога симптомите се најизразени.
Како да се справите со тоа?
Постојат одредени фактори кои придонесуваат да се појават алергии. Тоа се пушењето, загадениот воздух и лошата исхрана.
За да ги намалите проблемите што ги носи алергијата на полен, потребно е да промените некои животни навики. Лекарите советуваат да избегнувате контакт со алергените, да ја миете косата секој ден со благ шампон, да ги менувате алиштата во текот на денот.
Кога концетрацијата на полен е највисока треба:
Да користите клима уреди за проветрување на просториите.
Да не излегувате без потреба претпладне (тогаш поленот има највисока концентрација во воздухот).
Да не ги отворате прозорците во домот или автомобилот.
Доколку времето е ветровито, да останете дома (ветерот лесно го разнесува поленот).
Да ги оставите спортските активности во природа откако ќе падне дожд, кога и концентрацијата се намалува.
Често туширање и миење раце.
Да не ги сушите алиштата надвор.