Fabulous – мотивациска апликација за создавање здрави навики преку секојдневни рутини

105

Fabulous е мотивациска апликација која се обидува да помогне да се постигнат некои од целите кои инаку, без соодветна и честа мотивација, тешко би се постигнале и обично би завршиле со откажување од таа цел. Она што ја прави интересна и потенцијално многу ефикасна е секако фактот дека се базира на научни истражувања.

Според тоа, Fabulous сака да помогне во создавањето здрави навики со придржување до одредени рутини, како што обично прават врвните спортисти. Сè што треба да направите за да изгубите тежина, на пример, е да ги следите советите што ги дава апликацијата, да прифатите предизвици, да изберете препорачани рутини (можете да креирате своја) и многу повеќе.

Во суштина, се се сведува на прифаќање и правење на се што е поставено преку апликацијата и по одредено време треба да се постигне целта и да се формира здрава рутина. Секако, тоа не значи дека нема да морате да продолжите да работите напорно за да ја постигнете зацртаната цел, но оваа апликација навистина може да помогне да се постигне посакуваното преку создавање здрави навики со рутини.

Во секој случај, сите оние кои често од која било причина се откажуваат од зацртаната цел, со оваа апликација потенцијално би можеле да постигнат се што ќе зацртаат. Првата недела од користењето на апликацијата и персонализираниот план е бесплатна, а за остатокот треба да платите претплата што чини нешто повеќе од 3 долари месечно (39,99 долари годишно).