Алфабет наскоро би можел да вреди два трилиони долари

12

Компанијата Alphabet, која исто така е сопственик на Google, наскоро би можела да достигне пазарна капитализација од два трилиони долари, најмногу благодарение на вештачката интелигенција.

Денес вредноста на оваа компанија се проценува на 1,99 трилиони долари бидејќи една од акциите вреди 160,7 долари. Пред само една недела вредеше 153,9 долари, додека на почетокот на оваа година можеше да се купи по цена од 139,5 долари.

Во последната година вредноста на акциите на оваа компанија се зголеми за 51 отсто, најмногу благодарение на инвестициите во развој на нови технологии. Деновиве скокна дополнително откако Google објави иновации во областа на вештачката интелигенција. Меѓу тие иновации се чипови за вештачка интелигенција со кои компанијата директно ќе и конкурира на Nvidia. Неговото ново решение за зголемување на ефикасноста на вештачката интелигенција се вика Cloud TPU v5p и овозможува големите јазични модели да работат три пати побрзо од претходно. Моделите на големи јазици (LLM) се основа за работата на чет-ботови како ChaGPT. Сепак, тука не е крајот на иновациите од Google, тој најави и процесори од новата генерација.

Покрај овие технолошки решенија, за растот на Alphabet придонесе и најавата за соработка со Apple, односно интегрирањето на неговиот четбот Gemini во уредите произведени од Apple.

Затоа, вештачката интелигенција е катализатор за растот на Alphabet. Ова не е изненадувачки бидејќи и други компании кои навреме почнале да се занимаваат со вештачка интелигенција исто така бележат постојан раст. Најдобар пример за тоа е Nvidia, која неодамна го надмина Amazon во однос на пазарната капитализација.

Фото: Freepik