Alibaba бара инфлуенсери од цел свет

97

Alibaba, најголемата кинеска компанија за интернет трговија, продолжува со модернизација на својата деловна активност, а за да може подобро да ги промовира своите производи, ќе ангажира 100.000 инфлуенсери оваа година.

Како што соопштија од компанијата, инфлуенсерите можат да доаѓаат од целиот свет, затоа што тоа во голема мерка ќе го олесни проширувањето на нивната деловна мрежа.

Alibaba сака да ја зголеми продажбата, а популарните инфлуенсири би помогнале во оваа цел преку Instagram и Тik Тok.

Целта на компанијата е до 2023 година да достигне бројка од еден милион инфлуенсери кои би ја промовирале компанијата.

Инфлуенсерите ќе бидат платени да огласуваат производи на компании, а некои од нив би требало сами да осмислат кампањи и на тој начин дополнително да промовираат производи.

Фото: Pixabay