Alibaba ќе им поклони на граѓаните 15 милијарди долари

202

Кинескиот технолошки гигант Alibaba ќе ги поддржи со 100 милијарди јуани (15,5 милијарди американски долари) напорите на државата и претседателот Си Џинпинг да постигнат “заеднички просперитет“ на сите граѓани.

Според CNN, компанијата објави дека до 2025 година ќе инвестира неверојатна сума пари, наведувајќи ги како приоритетни цели: иновации во технологијата, економски развој, поддршка за ранливите групи и воспоставување на посебен развоен фонд.

Компанијата исто така идентификуваше 10 специфични задачи што планира да ги постигне, почнувајќи од зголемување на технолошките инвестиции во помалку развиените региони во земјата, преку подобрување на благосостојбата на работниците во економијата, до работа за забрзување на растот на малите бизниси и земјоделството.

Alibaba, исто така, ќе формира Работна група за унапредување на просперитетот, со која ќе раководи претседателот и извршниот директор на компанијата, Даниел Џанг. “Alibaba имше корист од силниот социјален и економски напредок на Кина во текот на изминатите 22 години. Цврсто веруваме дека ако општеството и економијата стојат добро, Alibaba ќе се справи добро”, рече Џанг.