Alibaba ќе инвестира 15 милијарди долари во технолошки истражувања

22

ova

Фото: Facebook

Кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba планира да инвестира 15 милијарди долари во изградба на истражувачки капацитети во Кина, САД, Русија, Израел и Сингапур во следните три години, јавува CNN.

Компанијата сака да се фокусира на Интернет на нештата (Internet of Things), финансиска технологија и интеракцијата помеѓу луѓето и машините и слично.

Alibaba планира да ангажира 100 истражувачи во новите лаборатории. Основачот Џек Ма предвидува дека во иднина роботите ќе ги заменат и водечките извршни директори и верува дека вештачката интелигенција целосно ќе го смени светот.

Слично како и Amazon, најголемиот конкурент на Alibaba, компанијата освен онлајн продажба, започна бизнис и со продавници за храна, платформи за плаќање преку интернет и услуги во “облак”.