Alibaba од корпоративна обврзница планира да собере најмалку пет милијарди долари

36

Кинеската компанија Alibaba планира овој месец да продаде корпоративни обврзници од најмалку пет милијарди долари, јавува Ројтерс.

Во зависност од интересот на инвеститорите, износот на задолжување би можел да достигне и осум милијарди долари. Овој износ кинескиот лидер во електронска трговија најверојатно ќе го искористи за покривање на корпоративните расходи.

Собирање на средствата ќе биде тест за расположението на инвеститорите за Alibaba, во услови на зајакнат надзор на регулаторите над работата на оваа компанија и нејзината подружница Ant group.

Кинеските регулатори започнаа антимонополска истрага против Alibaba и наложи Ant group да ја промени праксата на кредитирање и финансирање на потрошувачите, откако основачот Џек ма во октомври минатата година ја критикуваше финансиската регулатива на земјата.

Фото: Facebook