Alibaba станува партнер за испорака на Starbucks за кинескиот пазар

50

Фото: Facebook

Компанијата Starbucks и гигантот за е-трговија, Alibaba Group Holding, ќе ги здружат силите за испорака на кафе, со цел најголемиот ланец на кафетерии да се“врати“ на кинескиот пазар по падот на продажбата во последниов период, пишува Business Insider.

Овој потег следува откако претходно овој месец поранешниот извршен претседател на Starbucks, Хауард Шулц, посочи дека врската со основачот на Alibaba, милијардерот Џек Ма, би била одличен бизнис потег.

Официјалното објавување на договорот се очекува подоцна неделава.

Стапката на квартална продажба на Starbucks во Кина опадна за 2%, за разлика од растот од 7% истиот период лани, а веднаш потоа стигнаа и критики од централата во Сиетл дека проблемот лежи во услугата за испорака од трети лица.

Освен тоа и зголемената конкуренција од брзорастечките ривали, каков што е кинескиот Luckin, којшто веќе отвори повеќе од 660 продавници во 13 кинески градови исто така, изврши притисок врз Starbucks и неговите од 3.400 продавници.

Токму затоа оттаму се надевааат дека партнерството Alibaba во делот на снабдување ќе помогне да се поттикнат плановите за раст на Starbucks во земјата.

Инаку, ланецот кафетерии има за цел да го удвои бројот на продавници во Кина до 2022 година, иако акциите им паднаа за 29 центи, или 0,5 % по објавувањето на веста.

Впрочем акциите на Starbucks се намалени скоро за 10 % од почетокот на годината.