Alibaba за 3,6 милијарди долари го купува Sun Art

64

Гигантот за малопродажба, Alibaba соопшти дека за 3,6 милијарди долари ќе го преземе контролниот пакет акции од најголемите хипермаркети Sun Art, со што ќе ја продлабочи својата позиција на кинескиот пазар, јавува Ројтерс.

Alibaba, којшто веќе поседува 21% од акциите во Sun Art, сега ќе има удел од 72%.

“Додека пандемијата од коронавирусот ја забрзува дигитализацијата, она што го направивме Sun Art е зајакнување на нашата позиција во малопродажба и на тој начин на нашите потрошувачи ќе им понудиме целосно интегрирано искуство“, вели Даниел Жанг, главен извршен директор на Alibaba.

Откако кинескиот малопродажен “џин“ ја објави оваа информација, цените на акциите на Sun Art пораснаа за над 27%.

Фото: Facebook