Алкалоид денеска започна со исплата на дивиденда

14

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид денеска (17.05.2017 година) започна со исплата на дивиденда на акционерите за 2016 година.

“Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите на Алкалоид им се исплатува дивиденда за 2016 година во висина од 225 денари, односно 250 денари бруто за една акција“, стои во соопштението на компанијата.

Дивидендата којашто акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2016 година, како што се наведува, е за 8,7% поголема од дивидендата што беше исплатена за 2015 година.