Алкалоид ќе исплаќа дивиденда од добивката остварена во 2015 година

19

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид донесе предлог одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2015 година.

“Согласно одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишна сметка за 2015 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2015 година во висина од 207 денари нето, односно 230 денари бруто, за една акција“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Дивидендата што ќе се исплаќа оваа година, според Образложението, е за 9,5% поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 210 денари бруто, односно 189 денари нето.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 19.04.2016 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 20.04.2016 година.

Според предлог одлуката, датум на стекнување на право на дивиденда за 2015 година е 22.04.2016 година, а исплатата на дивиденда ќе започне од 18.05.2016 година.