Алкалоид ќе исплаќа дивиденда во висина од 243 денари за акција

Алкалоид АД Скопје на одржаната седница на Годишно собрание на акционери донесе одлука за исплата на дивиденда за 2017 година во висина од 243,00 денари нето, односно 270,00 денари бруто за една акција што е за 8% повеќе од исплатената дивиденда за 2016 година.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 16.05.2018 година. Како што се наведува во соопштението дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на овој линк.