Алкалоид со инвестиции од над 986 милиони денари во 2015 година

25

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид реализираше инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2015 година во вредност од 986.806.000 денари, стои во Образложението за остварени финансиски резултати објавено на Македонска берза.

Алкалоид минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 666.467.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на претходната 2014 година, Алкалоид прокнижи добивка во висина од 618.454.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во 2015 година беа на ниво до 7.860.414.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 3.235.800.000 денари, а остатокот од 4.624.614.000 денари е остварен на странски пазари.

Во текот на минатата година во Алкалоид се реализирани 102 нови вработувања во Македонија.