All Around – лампа без врв и дно

17

All-Round-lamp-by-Maria_2Марија Новожилова, дизајнерка која живее и работи во Милано, Италија, во соработка со Local Design Australia креираше лампи што емитуваат амбиентална светлина налик на светска метропола. Лампите од нејзината најнова серија се во форма на пирамида и немаат врв и дно, што овозможува да ги поставите како што ќе посакате, пишува Ambientes.com.

Нивните тенки пластични рамки се дизајнирани на тој начин што елегатно проектираат светлина, односно светлосни силуети што изгледаат како да сте во Милано или Сиднеј. Лампите користат LED технологија којашто креира топла атмосфера каде и да се постави. Еден од аглите на лампата се трансформира во малечка помошна масичка.

Во зависност од поставеноста, лампата во собата свети во различен декор и создава атмосфера според желбите. Креаторката ги создава гравурите според побарувањата на клиентите.

All-Round-lamp-by-Maria_60613