AllWeb ги отвора вратите и за студентите

15

Студентите, и оваа година, имаат можност да бидат дел од единствената конференција во Македонија за дигитални комуникации, AllWeb. Ограничен број на влезници по поволна цена се веќе достапни за купување исклучиво онлајн, за настанот што ќе се одржи на 16 ноември во Скопје.

Теми во фокусот се дигитална трансформација, приврзаноста кон брендови во дигиталната ера, иднината на медиумите, но ќе бидат опфатени и други аспекти од сферата на дигитални комуникации.

“Во денешно време на презафатеност и сè поголема опседнатост со социјални медиуми, речиси ја забораваме важност од личен контакт, размена на мислење во непосредна комуникација и вмрежување. Конференциите нудат одлична можност за информирање, стекнување нови знаења, запознавање нови луѓе, но пред сè даваат можност за поврзување со бизнис лидерите во соодветната област. Имајќи го ова предвид, AllWeb се стреми да им помогне на студентите да го збогатат своето практичното знаење, но и да си го прошират портфолиото на професионални контакти, со тоа што им овозможува да се дружат со претставници од  компаниите, претприемчи, агенции за маркетинг и односи со јавноста и други практичари од оваа сфера“, вели Славица Биљарска, ко- организатор на конференцијата.

Форматот на конференцијата е комбинација на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина, и супер можност за професионално дружење.