Alstom отвори нов погон во Кина

33

Alstom-Turbine-2010Францускиот инженерски конгломерат Alstom отвори нов погон за производство на делови за хидроцентрали во Кина, во рамките на ширењето на растечкиот азиски пазар. Со инвестирање на 100 милиони евра, погонот на Alstom стана најголема фабрика за делови за хидроцентрали во светот, пишува Seebiz.

Новата инфраструктура ќе и овозможи на компанијата испорака на 26 турбини и генератори годишно, како и производство на турбини со револуционерен капацитет од 1.000 мегавати.

Турбините и генераторите на Alstom сочинуваат преку 25% од вкупните светски капацитети на хидроцентралите.