
Белградската „Алта банка АД“ го зацврсти своето мнозинско сопствеништво во „Алта банка АД Битола“. Според официјалното известување до Македонска берза, српската банка се стекна со дополнителни 6 обични акции, со што вкупниот број на акции во нејзино поседување се искачи на 372.043.
Со оваа последна трансакција, „Алта банка АД Белград“ сега поседува 95,1573% од вкупниот број на издадени обични акции на битолската банка.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели:
Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД се стекна со дополнителни 6 обични акции и сега поседува вкупно 372.043 обични акции односно 95,1573 % од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола“.













