
Белградската „Алта банка АД“ го зацврсти своето мнозинско сопствеништво во „Алта банка АД Битола“. Според официјалното известување до Македонска берза, српската банка се стекна со дополнителни 198 обични акции во Алта банка АД Битола.
Според известувањето објавено согласно Глава 6, член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, по оваа трансакција белградската банка сега поседува вкупно 372.332 обични акции.
Со овој чекор, Алта банка АД Белград го зголеми својот удел во битолската банка на 95,2312% од вкупниот број издадени обични акции.













