„Алта Банка“ Белград купи дополнителни акции и стана сопственик на 95,13% од „Алта Банка“ Битола

АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД се стекна со дополнителен пакет акции во „Алта Банка“ АД Битола.

Според официјалното известување објавено на Македонска берза, согласно правилата за котација за промени кај акционери со значителни удели, „Алта Банка“ АД Белград купи дополнителни 7.213 обични акции.

Со оваа последна трансакција, српската банка сега поседува вкупно 371.944 обични акции, што претставува доминантно учество од 95,13% од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.