
Српската АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола. Според најновото известување објавено согласно Правилата за котација на Македонска берза, оваа банка се стекнала со дополнителни 14 обични акции, со што дополнително ја зголеми својата сопственичка позиција во Алта банка АД Битола.
По најновото стекнување, „Алта банка“ Белград сега поседува вкупно 372.482 обични акции, со што нејзиниот сопственички удел достигна високи 95,2695 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од битолската банка.













