Алуминиумски лименки vs PET шишиња

419

Денес постојат илјадници различни производи од алуминиум што се користат во светот поради што нашиот начин на живот без оваа суровина станува незаменлив. Предностите што ги има овој метал, како и неговата цврстина и можности за лесно обликување го прават да биде една од најупотребуваните суровини во индустриското производство. Алуминиумот се користи во градежна, авионска, автомобилска, но и во индустрии за производство на амбалажа. Во домашни услови, алуминиумот го користиме преку лименките за пијалаци или фолија што се користи за печење.

Во Европа, се рециклираат 42% од алуминиумот што се употребува за производство на лименки, 85% од алуминиумот што се користи во градежништво и 95% во производство на превозни средства.

Од друга страна, PET (Polyethylene terephthalate) е полиестер со подобрени својства. Современата PET амбалажа се произведува од нафта, не се крши, отпорен е на механички оптоварување и е лесен, поради тоа,  добар за производство на амбалажа, односно на шишиња за пијалаци и други производи. Но, поради таквите својства зазема голем простор и предизвикува огромен отпад. Според обем, пластичниот отпад чини повеќе од 30% од отпадот во домаќинствата. Бидејќи РЕТ не може да се разгради по природен пат, станува голема закана за животната средина.

Фото: Pixabay