Амазон доби дозвола да испорачува стоки со дрон во Велика Британија

40

Управата за цивилно воздухопловство на Обединетото Кралство (ЦАА)  одобри на Амазон и некои други фирми да тестираат испорака на стоки со помош на дронови.

Регулаторот на ОК одобри тестирање на беспилотни летала за следење на инфраструктурата, служби за итни случаи или летови до оддалечени локации.

Претходно, компаниите можеа да испраќаат беспилотни летала со стока само доколку беспилотните летала беа постојано на видното поле на операторот, но сега ова ограничување е укинато.