Amazon доби согласност да купи 16% од британски Deliveroo

253

Amazon доби согласност за купување на малцински удел во британскиот старт – ап за достава на храна, Deliveroo, со што стави крај на долгорочната битка за да ги убеди регулаторите во Велика Британија дека нема да ја наруши пазарната конкуренција.

Британската комисија за заштита на конкуренцијата и пазари донесе конечна одлука со којашто одобри Amazon да преземе 16% од британскиот старт – ап.

Инаку, Deliveroo во мај минатата година објави дека заврши една рунда на финансирање во износ од 575 милиони долари, а како водечки инвеститор фигурира Amazon. Два месеци подоцна, комисијата за заштита на конкуренција го блокираше овој договор. Потоа, во декември истата година, комисијата отвори официјална постапка со цел да ги испита можните импликации што тој договор би ги оставил на пазарната конкуренција, пренесува CNBC.

Фото: Facebook