Технолошкиот гигант Amazon инвестира во 26 различни проекти што се поврзани со производство на соларна и енергија од ветер, со цел да си обезбеди снабдување со електрична енергија од обновливи извори, пренесува Oil Price.
Постројките во коишто инвестира Amazon се наоѓаат на различни места во светот, од Австралија преку САД до Велика Британија. Со инвестициите во овие капацитети ќе се добиваат околу 3,4 гигават часови електрична енергија.
Целта е компанијата да обезбеди 18 мегавати енергија добиена од обновливи извори на годишно ниво, што е доволно за обезбедување струја за скоро два милиони домаќинства, но добар дел од енергијата ќе ја користи и за сопствени потреби.
Amazon си постави цел до 2040-та година да стане карбонски неутрална компанија, што може да се постигне со детално осмислена стратегија.
Фото: Freepik