Amazon – Европска комисија 1:0

25

Американскиот гигант за онлајн трговија Аmazon победи во судска постапка против Европската комисија.

Спорот се водеше по основ на жалба поврзана со наредбата на Комисијата да му плати на Луксембург разлика од 250 милиони евра (303 милиони долари) на име даночно олеснување.

Генералниот суд на ЕУ оцени дека ЕК не докажала дека Луксембург, во кој се наоѓа европскиот огранок на Аmazon, и дал на американската компанија нелегална предност во однос на даноците, пренесува CNBC.

“Ја поздравуваме одлуката на судот, што е во согласност со нашиот долгогодишен став дека сме биле во согласност со сите важечки закони и дека Амазон немала привилегиран третман“, напиша портпаролот на американската компанија во е-пошта до CNBC.

Европската комисија, била контактирана по овој повод од телевизиската станица,  но не била достапна за коментар. Комисијата има право на жалба на оваа пресуда.

Фото: Pixabay