Amazon го зголемува надоместокот за шпанските трговци поради дигиталниот данок

73

Amazon за 3% го зголемува надоместокот за шпанските компании што ја користат нивната платформа за продажба на производи и услуги од април. Целта на оваа мерка е поради тоа што во Мадрид е воведен дигитален данок, пренесува Ројтерс.

Според портпаролот на Amazon, таканаречениот Google данок на приходи на големите дигитални компании, чија примена во Шпанија започнува од 21-ви јануари, ќе ги опфати корисниците на услуги на нивните онлајн платформи.

Земји ширум светот ја разгледуваат можноста за оданочување на приходите што глобалните технолошки компании ги остваруваат во нивните економија, во отсуство на поширок договор.

Фото: Freepik