Amazon ќе гради ново седиште вредно 2,5 милијарди долари

47

Компанијата Аmazon планира да изгради зграда вредна 2,5 милијарди долари, која ќе биде нејзино ново седиште. Станува збор за висококатница со дополнителни содржини, којшто треба да биде висока 105 метри и ќе изгледа како спирала.

Во близина на зградата наречена PenPlace ќе се изгради амфитеатар и пазар. Зградата ќе биде изградена во Арлингтон, Вирџинија.

Комплексот е дизајниран од студиото NBBJ и ќе биде препознатлив по зелените површини. Дрвјата не само што ќе бидат околу зградата, туку и на неа.

Главниот архитект и директор на NBBJ, Дејл Алберда, рече дека тие секогаш се обидуваат да го поврзат човекот со природата, но дека најмногу успеале во овој објект. Како што рече, новото седиште на Amazon ги симболизира природата и науката.

Работа за 25.000 луѓе

Ова ќе биде второ седиште на Amazon, а постојното се наоѓа во Сиетл. Пред три години, компанијата најави изградба на ново седиште. Во меѓувреме, тие добија повеќе од 230 предлог-проекти за новиот објект.

Тие се двоумеа дали да го изградат своето седиште во Вирџинија или Њујорк, но  Вирџинија му даде даночни олеснувања на Аmazon, којшто се очекува да вработи 25.000 луѓе во својот нов комплекс.

Фото: NBBJ