Фото: Facebook
Американската компанија за онлајн продажба Amazon ќе вработи 2.000 нови работници во Франција. Со ова, бројката на вработени французи во компанијата ќе се искачи на 7.500 лица, пренесува Reuters.
Франција останува најголемиот пазар на Amazon по Британија и Германија. Гигантот за интернет продажба континуирано се шири во оваа држава, каде што го раководеше и својот Amazon Prime Now express сервис за испорака во 2016 година. Веќе има пет логистички центри на национално ниво, а оваа година планира да отвори складиште за испорака од 142.000 квадратни метри.
Претходно овој месец, Amazon реши долготраен спор со француските даночни власти, кои бараа речиси 200 милиони евра од онлајн малопродажбата.