Amazon му нуди помош на Бајден за вакцинирање во САД

11

Најголемата електронска продавница во светот, Amazon во писмо адресирано до новиот претседател на САД, Џо Бајден, му нуди помош во напорите во земјата да се спроведе масовно вакцинирање.

“Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите оперативни капацитети, експертиза, информациски и комуникациски технологии со коишто располагаме, за да се помогнат активностите на американската администрација за масовна имунизација на населението“, се наведува во писмото.

Amazon во писмото ја изразува својата подготвеност да ја унапреди дистрибуцијата на вакцините, пренесува Ројтерс.

Фото: Facebook