Amazon отвора 5.000 нови работни места во Германија

50

Американскиот гигант за онлајн трговија, Amazon планира оваа година во Германија да вработи нови 5.000 лица.

Со тоа, вкупниот број на вработени во Amazon во Германија ќе се зголеми за повеќе од 20% на 28.000, објави компанијата од канцеларијата во Минхен.

Amazon бара вработени за дистрибутивните центри и оддели за маркетинг, финансии и истражување.

Компанијата во Германија има четири истражувачки и развојни центри, но не прецизира за кој оддел колку вработени се планираат.

Американскиот гигант го шири својот бизнис низ целиот свет. На крајот на декември лани, глобално вработуваше 1,3 милиони луѓе.

Фото: Facebook