Amazon отвора фризерница во Лондон

13

Американскиот гигант за електронска трговија, Amazon, објави дека планира да отвори фризерски салон во источниот дел на Лондон, со што продолжува да експериментира и да промовира некои од производите што ги нуди на својата платформа.

Фризерскиот салон Amazon, како што е наведено, ќе се простира на два ката во една зграда во источен Лондон, којшто е познат по шопинг центри и ресторани, а ќе биде отворен седум дена во неделата, пренесува CNBC.

Ќе зафаќа површина од 1.500 квадрати, а е само пет минути оддалечен од седиштето на Amazon во Лондон. На почетокот ќе биде отворен само за вработените на Amazon.

Останатите граѓани ќе можат да резервираат термин во текот на “следните недели“ преку телефон, со испраќање на мејл или со посета на салонот.

Отворањето на салонот доаѓа во време кога голем број жители на Велика Британија наидуваа на потешкотии да закажат термин кај фризер поради презафатеност, бидејќи салоните долго време не работеа.

Од Amazon велат дека салонот ќе служи да се испробуваат нови технологии за нега на коса.

Фото: Pexels