Amazon отвори продавница со четири ѕвезди во Њујорк

48

Најголемиот ланец за онлајн продажба во светот, Amazon, отвори продавница во Њујорк наречена 4-Star, пишува Entrepreneur.

Идејата за овој објект е да ги понуди сите производи коишто биле рангирани со 4 ѕвезди или повеќе на веб страната на гигантот.

Во новата продавница клиентите ќе можат да најдат модели од најдобро продаваните производи и низа нови материјали. Меѓу другите во понудата вклучени се најпродаваните производи на Amazon во деловите електроника, кујнски апарати и прибор, додатоци за домот, играчки, книги и разни игри.

Секој производ ќе има две цени, едната за корисниците на Amazon Prime, а друга посебна за тие што не се вклучени во Prime услугата.

4-Star ќе работи секој ден од 10 до 21 часот, а во недела од 11 до 20 часот.

Фото Amazon