Amazon продолжува да се шири, отвора 3.500 работни места

37

Гигантот за електронска трговија, Amazon соопшти дека ќе отвори 3.000 работни места во Ванкувер и уште 500 во Торонто.

Џеси Дорти, потпретседател на Amazon, задолжен за локацијата во Ванкувер, рече дека компанијата сака да ги донесе овие работни места во Канада затоа што земјата има “огромен технолошки талент, којшто Amazon сака да го искористи”.

Новите работни места ќе вклучуваат инженери за развој на софтвер, дизајнери на корисничко искуство, архитекти и менаџери за продажба и маркетинг.

Ванкувер долго време важеше за привлечна испостава во Канада поради деловната близина со САД и големите технолошки центри, вклучувајќи ја Силиконската долина и седиштето на Amazon во Сиетл.

Фото: Facebook