
Американската компанија „Амазон“ работи на развој на софтвер за хуманоидни роботи кои ќе можат да работат како доставувачи и да носат пакети од комбиња до домашни адреси, објави денес „Би-Би-Си“.
Овој гигант гради „хуманоиден парк“ во САД каде што ќе тестира роботи, објави технолошкиот новински сајт „Информејшн“.
Според извештаите, ваквите роботи би можеле да ја извршуваат работата на доставувачи, а „Амазон“ развива софтвер со вештачка интелигенција кој би ги управувал роботите, но би користел хардвер од други компании.