Amazon сака да купи филмско студио за девет милијарди долари

30

Американската компанија за електронска трговија, Amazon е во преговори за купување на филмското студио MGM за околу девет милијарди долари, објави магазинот Variety.

Технолошкиот гигант наводно води преговори за ова преземање веќе неколку недели. Вредноста на потенцијалниот договор би бил меѓу седум и 10 милијарди долари.

Оваа активност најверојатно ќе ја води Мајкл Хопкинс, висок потпретседател на Amazon Studio и Prime Video, директно со претседателот на одборот на MGM, Кевин Улхир, чиј инвестиционен фонд Encourage Capital е главен акционер на MGM.

Евентуалната продажба на MGM на Amazon би можела да биде знак дека технолошката компанија се шири кон Amazon Prime Streaming понудата што ќе опфати широк спектар на содржини на MGM, вклучувајќи и франшиза за Џејмс Бонд, Хобит и Пинк Пантер.

Стриминг сервисот на Amazon минатиот месец надмина 200 милиони корисници ширум светот, од кои 175 милиони во последната година користеле содржини од Prime Video.

MGM размислува за продажба од декември минатата година, а во тоа време компанијата имала пазарна вредност од 5,5 милијарди долари.

Фото: Facebook