Amazon се шири во Турција, презема старт – ап компанија

76

Турската компанија за компјутерски софтвер DataRow објави дека е купена од американска компанија за ИТ услуги Amazon Web Services (AWS), подружница на гигантот за електронска трговија Amazon.com.

Како дел од AWS, DataRow сака дополнително да го развива својот пакет – алатки којшто го олеснува истражувањето и визуелизацијата на податоците за аналитичарите на податоци во Amazon Redshift, се вели во соопштението на DataRow.

“DataRow е првиот технолошки старт – ап што Аmazon го презема во Турција“, рече Кан Абацигил, коосновач на DataRow.

Финансиските услови на аквизицијата не се обелоденети.

Фото: Facebook