Amazon во поход за освојување на гејминг индустријата

86

Со цел да се израмни со Apple и Google, водечкиот гигант за интернет трговија, Amazon одлучи да зачекори во една од највредните индустрии на денешницата –  гејминг индустријата.

Нивниот план вклучува развој на свои игри, но и платформа за играње видео игри во облак – Project Tempo.

За разлика од класичните игри со компјутер и конзоли, за кои е потребна набавка на моќен хардвер на којшто може да се играат игри, за играње игри во облак воопшто не е важен хардверот. Треба да имате интернет и уред за да се прикачите.

Според New York Times, Amazon би требало да ја претстави оригиналната верзија на својата платформа на крајот на 2020 година, сепак, со оглед на тековната криза ќе ја одложи до 2021 година. Сепак, во мај оваа година ќе биде претставена првата оригинална видео игра Crucible.

За тоа како сопственикот на Amazon, Џеф Безос, не греши кога се во прашање бизнисот и парите говори и податокот  што тој го прави вистинскиот потег во вистинско време. Поточно, гејмерската индустрија може да оствари приход од 160 милијарди  долари во 2020 година, надминувајќи ја годишната заработка на филмската и музичката индустрија. Покрај тоа, оваа индустрија се проценува дека ќе надмине 300 милијарди  долари за пет години.

Фото: Pixabay