Amazon води истрага поради токсично однесување на вработени

108

Amazon во овој момент спроведува истрага поради токсично однесување на вработени во одделот за технологија во облак. Станува збор за потег којшто следи по интерна петиција на вработени кои тврдат дека во рамки на компанијата се врши системско злоставување и дека се зазема “негативен стан кон жените и недоволно претставување пред органите на управување“.

Извршниот директор на Amazon Web Services, Адам Селипски минатата недела испрати мејл на авторите на петицијата каде потврди дека Amazon изнајми надворешна компанија да го истражи овој случај. Amazon, исто така, е соочен со повеќе обвиненија од актуелни и поранешни вработени кои пријавиле дискриминација на работно место.

“Ја делам вашата страст за обезбедување инклузивност и слобода од пристрасност во нашата работна средина. Ве уверувам дека сме посветени на истите цели и почнавме процес на истражување на инцидентите и несоодветната пракса во рамки на компанијата“, напишал Селипски.

Петицијата ја потпишале неколку стотина вработени кои тврдат дека процесот на истражување на дискриминација на работни места во рамки на Amazon е несоодветен. Системот на Amazonе направен да ја штити компанијата, а не вработените кои пишуваат приговори на условите за работа.

Фото: Facebook