Amazon заработи 44 милијарди евра во Европа и не плати данок

74

Минатата година Amazon заработи 44 милијарди евра од продажба на стоки и услуги на европскиот пазар. Рекордната сезона на најголемиот доставувач во годината кога Европејците беа главно заковани во своите домови не е големо изненадување. Даночната пријава е изненадувачка. И покрај рекордната продажба, Amazon не плати данок во својата матична европска земја Луксембург – каде што, и покрај успехот во остатокот од Европа, успеа да направи загуба од 1,2 милијарди евра, пренесува Guardian.

Во објавата на Amazon EU Sarl посочува дека компанијата имала загуби од 1,2 милијарди евра на Стариот континент. Освен тоа, добила и 56 милиони евра даночни кредити со кои би компензирале евентуални идни даноци. Компанијата има и во билансот 2,7 милијарди евра загуби од претходно со кои исто така може да компензира евентуален профит во иднина. Во Велика Британија информацијата беше прифатена со негодување, пишува Guardian.

Маргарет Хоџ пратеник од лабуристите посочува дека “неуморната кампања на Amazon да избегне плаќање даноци продолжува“.

“Податоците се шокантни, нагласи Пол Монахон, главен директор на Fair Tax Foundation, посочувајќи дека компанијата ја зголемува својата доминација во светот за сметка на малиот бизнис и продолжува да не плаќа даноци.

Портпарол на Аmazon изјави дека бизнисот на компанијата е со ниски приходи, а загубата се должи на огромните инвестиции кои ги направи. “Инвестиравме над 78 милијарди евра во Европа од 2010 година“, соопшти компанијата.

Износот на оданочувањето за некои европски земји оваа година останува мистерија. Официјалната документација поднесена од Amazon EU Sarl. во Луксембург не покажува колку заработил Amazonво одредени европски земји. Може да се види само дека вкупната заработка се зголеми од 32 милијарди евра во 2019 година на 44 милијарди евра во 2020 година.

Фото: Freepik