Амбиентот и топлата атмосфера е она што ги привлекува гостите

84
IMG_3090
Сашко Атанасов, менаџер на хотелот Бел Камен, Радовиш

Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејќи се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини.

БИ: Хотел Бел Камен е релативно нов туристички центар во Македонија. Кажете ни нешто повеќе за него, што е карактеристично за овој хотел?

Хотелот Бел Камен е отворен пред неколку месеци и се наоѓа на планината Плачковица, на 1470 метри надморска височина и на 20 километри оддалеченост од Радовиш. Хотелот е обиколен со густа борова и букова шума.

Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејќи се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини, како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина. Освен тоа, во рамките на хотелот има спортски терени и спа центар кои можат да ги користат нашите гости.

2

БИ: Какви содржини нуди хотелот за гостите?

Во Бел Камен се потрудивме за секого да има по нешто, почнувајќи од најмалите за кои имаме детско игралиште. Нашиот ресторан нуди лепеза на гастрономски уживања кои се инспирирани од локалното национално богатство на македонската кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло кои се привилегија на планината Плачковица. Посебно сме горди на сопствените насади на аронија која ја користиме во нашите специјалитети.

За гостите кои сакаат да спортуваат на располагање им се терените за кошарка, тенис, фудбал и мини голф. Исто така, во рамките на хотелот функционира и спа центар во чиј состав има сауна, џакузи, парна бања и фитнес.

На располагање е и просторија за семинари и презентации со капацитет до 30 лица.

1

БИ: Со колкав капацитет располага Бел Камен?

Самиот хотел е изграден во автентичен планински стил и е мал бутик хотел чија цел е секој гостин да се чуствува како дома и да може да одговориме на сите барања на нашите гости. Инаку хотелот располага со четири двокреветни соби, шест фамилијарни соби, два јуниор апартмани и три апартмани или вкупно околу 40 легла.

5БИ: Што очекувате од оваа зимска туристичка сезона, повеќе домашни или странски гости? На кој начин ќе ги привлекувате?

За оваа зимска сезона очекуваме да доминираат домашните гости и странците кои престојуваат и работат во Македонија. Покрај тоа, работиме и на промоција на странските пазари, што е долготраен процес и полека почнува да дава резултати.

Нашите гости најмногу ќе ги привлечеме со пријатниот амбиент и топлата атмосфера и секако, со вниманието што му го посветуваме на секој наш гостин.

БИ: Дали планирате некакви тури за прошетка на туристите по Плачковица, можеби до некоја од пештерите?

Да, планираме повеќе видови на тури и генерално тоа е делот на кој во иднина ќе посветиме повеќе време. Планираме да организираме пешачки тури, се мапираат патеки за велосипедски тури, а за лицата со поавантуристички дух подготвуваме алпинистички тури со професионални алпинисти. За понатаму планираме да понудиме и тури со јавање и мала школа за јавање.

7БИ: Колку отворањето на ваков хотел во Источна Македонија ќе придонесе за развој на овој крај?

Се надевам, а тоа ни е и целта, да допринесеме за туристички и општ развој на овој дел на Македонија. Со отворањето на овој комплекс и поголемата промоција на Плачковица и на Источна Македонија, се надеваме дека и овој дел од нашата убава земја ќе стане туристичка атракција.

БИ: Какви се Вашите планови за во иднина?

За во иднина планираме постојано да нудиме нови и нови содржини. Еден од следните проекти што сакаме да ги реализираме е изградба на базен, со кој би се комплетирала понудата.

3