АмЧам: Компаниите стратегиски да ја инкорпорираат општествената одговорност

16

Општествено одговорните практики (ООП) се директно поврзани со одржливиот развој и затоа треба да бидат стратегиски интегрирани во бизнис процесите на компаниите, порачаа учесниците на денешната работилница “Подготовка и управување на ООП проекти“, пишува Миа.

Работилницата ја организираше АмЧам Македонија во соработка со здружението Конект и финансиска поддршка на Американската амбасада, како дел од предвидените активности за промовирање добри деловни практики меѓу своите членки и пренесување искуства од други земји со цел развивање проекти во областа на општествената одговорност. Присуствуваа преку 50 претставници од компаниите членки на Комората.

“Нашата цел е македонските компании да се стремат кон градење на постратегиски приод, креирајќи партнерства со организации кои имаат експертиза во областа на ООП и со граѓанскиот сектор“, рече извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова.

Според Лиса Мекилвена, заменик директор на организацијата Business in the Community (Бизнис во заедницата) од Северна Ирска, придобивките од ОПП се многубројни, од подобрени профитни маржи, преку зголемена продуктивност, до намален број на отсуство од работа и добар имиџ на компанијата.

“Кога се обмислува ООП активноста, многу е важно да го познавате локалниот контекст и да се стремите кон решавање на одреден проблем во заедницата“, истакна Мекилвена.