American Express објави дека до крајот на оваа година ќе отпушти 5.400 луѓе од вкупно 63.500 вработени.
Од компанијата велат дека во четвртиот квартал минатата година имале преку 600 милиони долари трошоци по оданочувањето, што ќе им ја преполови нето добивката на 637 милиони долари од 1,2 милијарди.
Компанијата ќе отпушта луѓе и затоа што, како што велат, од темел ќе се менува поради дигитализација, па ќе немаат потреба од некои кадри.
American Express велат дека морале да адаптирааат некои делови од работењето, затоа што се повеќе луѓе сега плаќаат преку интернет или преку мобилните уреди.