Америка го ограничува снабдувањето и пристапот на Кина до ВИ чипови

24

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг  изјави дека новите американски ограничувања за извозот на чипови со вештачка интелигенција (ВИ) и алатки за правење чипови во Кина создаваат бариери за трговијата меѓу двете земји.

„САД ги проширија произволно променетите правила и ги заостри контролните мерки. Ова не само што постави повеќе пречки и наметна повеќе оптоварувања на соработката на американските и кинеските компании, туку создаде и огромна несигурност за глобалната индустрија за полупроводници“, рече тој.

Тој посочи дека потегот на САД „сериозно влијае на заемно корисната соработка на кинеските и странските компании и им штети на нивните легитимни права и интереси“, како и дека компаниите Nvidia и AMD биле погодени од него, пренесува Reuters.

„Кина е подготвена да работи со сите страни за зајакнување на заемно корисната соработка и промовирање на безбедноста и стабилноста на светската индустрија за полупроводници и синџирот на снабдување“, рече Јадонг.

На 29 март, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги ревидираше прописите за да го отежне и дополнително да го ограничи снабдувањето и пристапот на Кина до американските чипови за вештачка интелигенција, а тие ќе стапат на сила на 4 април.

Регулативите донесени минатиот октомври вклучуваа клаузула со која се ограничуваат испораките на дизајнирани понапредни чипови со вештачка интелигенција во Кина, како дел од серијата мерки насочени кон спречување на Пекинг да усвои напредна американска технологија за зајакнување на својата војска, претходно објави Ројтерс.