Америка и Европа формираат технолошки совет за изготвување на нови правила за глобална трговија

16

САД и Европа ќе формираат заеднички технолошки совет за изготвување на нови глобални трговски правила, со цел и напори на американскиот претседател Џо Бајден да ги собере европските сојузници и да се спротивстави на растечкото влијание на Кина, пренесува CNBC.

Американско-европскиот совет за трговија и технологија ќе има три главни цели: да воспостави нови глобални трговски стандарди за нови технологии, да промовира демократски вредности на Интернет и да најде модалитети за соработка меѓу САД и ЕУ за истражување и развој на иновации.

Според американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, крајниот резултат на оваа иницијатива е тоа што, како што пренесуваат медиумите, “демократиите, ниту Кина или други автократии, да ги пишуваат трговски и технолошки правила за 21 век“.

Фото: Freepik