Америка воведува дигитален долар

Претседателот Џо Бајден ќе им нареди на владините агенции да започнат со работа на создавање дигитален американски долар, соопштија претставници на Белата куќа.

Како што рече Бајден: „Сега е време да започнеме да работиме на идниот „дигитален долар“.

При тоа сценарио, Соединетите држави не само што ќе коваат монети и ќе печатат хартиени банкноти, туку ќе издаваат и дигитална готовина или дигитална валута на централната банка (CBDC), кои ќе се чуваат во апликации или „дигитални паричници“ на паметни телефони.

Ова првично беше замислено како еден вид одговор на ФЕД на растечкиот тренд на криптовалутите, за кои многу светски банки постојано предупредуваа дека делуваат како „закана“ за централизираните финансиски системи.

Npr.org известува дека, во случај на дигитален долар, може да се плати како што е сега кога се користи Venmo или Apple Pay. Тоа е визија за безготовинска иднина која другите земји веќе ја прифаќаат. Кина, на пример, веќе го воведе дигиталниот јуан на пробна основа.

Индија соопшти дека ќе воведе дигитална рупија. Досега САД „се мислеа“ дали сакаат да влезат во игра.